АНАЛИЗА: САД, Русија, ЕУ и Грција

Иднината на Грција зависи од стабилноста и просперитетот на Европа. Без силен европски сојуз, Атина, со нејзините големи нерешени проблеми, ќе биде како пердув кој ќе го носат ветритштата на големото разместување на балансот на силите низ светот.

Но, случувањата во Европската унија и постојано растечките сомнежи во европскиот проект во многу земји, се претпоставка европските избори во мај, в година, да доведат до долг период на интроспекција и опасна инерција, пишува грчкиот дневен весник „Катимерини“, пренесува НетПрес.

Затоа, Грција треба да подготви стратегија, која ќе вклучува соработка со сили надвор од Сојузот.

Ситуацијата претставува можности, но бара и одлични дипломатски вештини. Моментно Грција спроведува интензивни преговори, како со САД, така и со Русија. Мисијата е тешка: динамичкото присуство на Русија (заедно со Сојузот и со Турција) и обновениот интерес на Соединетите Американски Држави кон нашиот регион, создадоа нова ситуација. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во петок, е во Москва, само неколко месеца по наглото влошување на односите, причинето од учеството на руските дипломати во напорите да се подкопа спогодбата со Македонија за името.

Исто така, пред само неколку дена Москва ја предупреди Никозија дека нејзини поблиски врски со САД и со НАТО можно е да имаат „опасни и дестабилизирачки последици“. Русија, која со децении наназад ја поддржуваше Никозија во кипарскиот спор, сега е тесно поврзана со Турција и му се заканува на Кипар поради неговите тесни врски со Соединетите Американски Држави.

Истовремено, првиот стратешки дијалог меѓу САД и Грција ќе се оджри во Вашингтон следната недела – знак за зацрвстување на односите и обновување на интересот на Америка кон Грција. Тензиите меѓу САД и Русија (за Украина, руската интервенција во внатрешната политика на Америка, но и во други земји, проследено со други спорови), лошите односи меѓу Вашингтон и Анкара и случувањата околу Кипар ја размрдаа статус-кво ситуацијата. Сега Грција треба да ги зацврсти своите врски со САД – врски од кои зависи грчката безбедност со децении – и исто така, да си соработува со Русија, додека во истовреме се обидува да ги амортизира последиците од руско-турскиот сојуз и руското учество во грчката политика и во грчкото општество. Соперништвото меѓу САД и Русија го прави тој предизвик уште посложен.

Приоритет за Грција (како и за сите држави-членки) е да се придонесе за заштитата на европскиот проект. Колку и да са неопходни двостраните односи, колку и да е разнишан Сојузот денеска, тој претставува најсилна гаранција за иднината на секоја земја членка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.