АНАЛИЗА: На Самитот на НАТО сите погледи вперени кон Русија

Во велшкиот град Њупорт денеска започна вториот ден од Самитот на НАТО на кој би требало да се донесат клучни одлуки за формирање на ударна единица за брзо реагирање на НАТО, како и за проширување на европските и американски санкции на Русија.

Вчера е договорено новата ударна единица за брза интервенција чие што формирање пред Самитот ја најави генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ќе биде составена од околу 4000 припадници на копнени, поморски и воздушни сили како и припадници на специјалните единици.

Таа единица нема да биде стационирана на источната граница со НАТО, како што сакаа Полска и балтичките земји кои се спротивставуваат на обидот на Русија да го прошири влијанието на поранешните членки на источниот блок, кој се сега во НАТО.

NATO 1

Засега не се знае каде ќе биде базата на оваа единица, но полскиот претседател Бронислав Коморовски изјави дека во неговата земја ќе биде изграден аеродром и останати постројки за прифаќање на единиците.

Американскиот претседател Барак Обама и европските лидери кои учевствуваат на самитот во Велс, денеска би требало да се усогласат и за новите санкции кон Русија, која поради поддршката на проруските сили во Украина е мета на САД и ЕУ.

NATO 3

За сега тие мерки опфаќаат неколку руски фирми и преку 80 руски и украински функционери на кои им е забрането да престојуваат и работат во Америка и ЕУ.Новите мерки, според предлогот кој вчера го состави Европската комисија, би требало да погодат неколку руски банки и енергетски претпријатија да воведат ембарго на извоз на оружје и некои технологии во Русија.

Европскиот совет кој го сочинуваат шефовите на државите и владите на 28 земји членки во ЕУ, би требало денеска да одлучат што ќе прифатат.

На самитот денеска ќе стане збор и за планското повлекување од Авганистан како и евентуално ангажирање на одредени земји членки во искоренување на џихадистите од Исламската држава во Ирак и Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.