АНАЛИЗА: Сирија: Екстремисти против бунтовници

81

Движење, кое се поврзува со Ал Каеда, а е распространето во Ирак и Сирија се закани дека ќе ги победи бунтовничките групи и на мета ќе ги има членовите лојални на сириската опозициска Национална коалиција која е меѓународно призната опозиција која се обидува да го симне од власт сирискиот претседател Башар ал Асад.

Аудио снимка од гласноговорникот на „Исламска држава во Ирак и Леванта“ (ИДИЛ) е распространета часови по повикот на групата на Ал Каеда во Сирија „Фронт Ал Нусра“ за примирие и прекин на петдневните тешки борби со бунтовниците. Борбите здружија многу од бунтовничките групи во Сирија, вклучително силите на ислатмиситите против „Исламската држава во Ирак и Леванта“ и со најкрвавите „бунтовници против бунтовници“ од почетокот на граѓанската војна во Сирија во текот на првата половина на 2011 година.

„Здробете ги целосно и уништето го заговорот уште во развој“, вели портпаролот Абу Мохамед Аднан.

Додека потеклото и на двете групи „Фронт ал Нусра“  и “Исламистичка држава во Ирак и Леванта“ е поврзано со Ал Каеда и двете примаат странски борци. „Нусра“ се фокусира против своите цели за симнување на претседателот Башар ал Асад наместо за создавање на исламска држава, каква што е целта на ИДИЛ.

Освен тоа силите на „Фронт ал Нусра“ соработуваат повеќе со останатите бунтовнички движења и избегнуваат борба за власт, со што ИДИЛ се соочи во обид да ја преземе контрола над некои региони од други опозициски групи.

ИДИЛ е крило на Ал Каеда во Ирак, а нејзиното проширување во Сирија се спротивстави централното раководство на терористичката мрежа, која наместо тоа го призна „Фронт ал Нусра“.

Аднани вели, дека исламистите сунити биле вовлечени во заговори против ИДИЛ.

„Вие, кои се во батаљоните под знамете на исламот, кој ве измами? Кој ве намести и ве убеди да се борите против муџахедините“, се вели во снимката.

Минатата недела сириските бунотвници почнаа серија координирани напади против „Исламиска држава во Ирак и Леванта“ на северот и источниот дел на Сирија, по неколку месеци на зголемени тензии. Нападите беа одобрени од опозицискиот Национален совет кој ја има поддршката од Западот и државите во Персискиот залив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.