Анализа: Западoт против Кремљ

Кризата во Украина го претстави Барак Обама во една улога, за која сите мислеа дека е останата длабоко во минатото на Студената војна – улогата на лидер на Западот против Кремљ.

Демонстрацијата на сила од страна на Владимир Путин во Крим претставува вистински предизвик за претседателот на САД, како на политички, така и на личен план. Освен тоа, како лидер на највлијателната земја во НАТО, улогата го постави во логика на конфронтација со Москва, пишува новинската агенција АФП, пренесува Нетпрес.

Од Хари Труман до Роналд Реган, две поколенија американски претседатели, ја исполнуваа таа улога – „лидер на слободниот свет“ – израз, кој по распадот на Советскиот сојуз пред нешто повеќе од 20 години, се претвори во една излитена фраза. Приоритетите на надворешната политика на Обама, од неговото доаѓање на власт во 2009 гдоина, се познати – да ги фокусира дипломатските активности во Азија, за да направи еден вид противтежа на континуираното зголемување на влијанието на Кина, и да се обиде да ги извади САД од 10-годишните војни во арапскиот и во муслиманскиот свет.

Украина, од друга страна, го исправи „претседателот Обама пред најтешката криза во неговото владеење“, одбележува Николас Барнс – поранешен амбасадор на САД во НАТО.

„Повеќето Европјани и Американци, според мене, се согласни дека тоа е најсериозната закана за европската безбедност од крајот на Студената војна до сега“, вели Барнс.

Обама, кој во минатото го величеше НАТО како „најуспешна алијанса во историјата“, не го дели ентузијазмот на државниот секретар Џон Кери кон Стариот континент и често претпочита да ги посетува зоните на економски развој во Азија и во Јужна Америка.

На внатрешен план, опонентите на Обама од Републиканската партија со години се обидуваат да го претстават претседателот како идеалист и апостол на помирувањето со непријателите на САД. За време на својата кампања во 2012 година, тој успеа донекаде да ги избегне тие етикетирања со успехот во борбата со Ал Каеда и со ликвидацијата на Осама бин Ладен.

Тие обвинувања повторно се вратија, со Сирија и со отстапувањето во проблемот со хемиското оружје на Башар Ал Асад, со хаосот и авторитарното запоседнување на власта во повеќето земји кои беа дел од „Арапската пролет“, и последно поради се’ посериозните напрегања со Москва.

Во украинската криза, која рака на срце тлееше неколку месеци, и постојаното влошување на односите меѓу САД и Русија, Обама остана верен на својот став – многустраноста.

Па така, додека Обама се консултира со своите европски партнери, во истовреме дејствијата на руските војски на Крим стануваа се поочогледни. Сепак, тој успеа да ги обедини останатите шест земји членки на Г8 да станат единствени во ставот за отстранување на Москва од елитниот клуб, во кој Русија е член веќе 16 години. Но, Европа не е целосно на истата линија со Вашинготн во однос на Русија, која е најголемиот доставувач на енергија за потребите на Стариот континент.

„Обама ќе треба да излезе на најистурената линија и да покаже го покаже своето лидерство и тоа во момент во кој тоа не е воопшто лесно“, смета Чарлс Капчан од „Советот за надворешна политика“.

„Тоа е многу важен момент за НАТО. Ако НАТО не успее да демонстрира одлучност, нема да излезе неповреден“, е ставот на Нејл Гардинер од фондацијата „Херитејџ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.