Анална демократија

Деновиве се натежнале демократски, слободарски, ем слободоумни писанија дека во земјава, во спрега со угледни општествено-политички работници, медиум врши тортура, ем рекет или селски – изнудување пари од фирми и поединци – за да не им го уништи животот. Некои ќутенката си платија, кој преку милион, кој по 200.000 – 300. 000 и така… но, никој ни анонимно не писна и покрај тоа што веќе јавно знаат дека ниту се сами, ниту едниствени. Памтите Tрифке како си кажа и на суд дека она гојдо ѓоа новинар го рекетирал? Разврска – жими фонтов неболдиран.

Но, почна да се буди револуционерниот дух на принципиелноста, демек – „овако више не може другови!“.

Дури и новинарите таму се просто вџашени колку добро се плaтени. Еден извикан истурен фронтален оперативец и со сите бои премачкан, во приватен разговор самиот изјавува дека просто му е незгодно да добива 4.000 евра месечно, за еднаш неделно на ТВ. И во право е, ма осеќам дека навечер се препотува и бунца. Геро ги смири неговоте соборци, и им пиша дека кога (ако) има разврска, новинарите кои таму работат нема да бидат одговорни за злоделата на нивниот им газда. Хммм, имало и Германци кои не знаеле за холокаустот, но одговорноста не изостанала, ако е правда – таква и мора да биде! Нејсе.

И секако, се нафрлувааат на газдата ваков – таков, онаков… но, најбитното прашање е – кој стои зад него? Го знаеме шапшалот – газда колку му сече, но неговата сила и ароганција мора да потекнува од некаде и од некого. И не е тоа било кој, нели? Не се тоа ликови од било какви средини, туку опасни по живот, криминално организирани и институционализирани, кои можат цела машинерија да покранет против вас и институционална овде но, и меѓунардна, па се’ до многу подраматичен исход.

Познат, мој омилен стопанственик, одлежа неколку месеци притвор и покрај колумни и неколку милиони кеш. Па, сеа видете.

Сега, наскоро, ќе имае два завршетока – замачкување или подмачкување – праведен крај ова нема да има. Овој медиум нема да заврши како онаа опозициската на Сеад. Не, овде мнооогу големи риби се во игра.

Знаете, мафијата оние кои ги рекетира и ги штити, а тие кои биваат рекетирани, им стануваат мили, ем благодарни, па и самите даваат уште повеќе заради, пу пу скраја било, можело и полошо.

Би сакал да видам холивудски крај, со правдата како победува, но се’ ова, по обичај, ќе заврши со зелена маса, подмачкување, замачкување, бидејки моите опозициски колеги се докажаа како лесно подмачкливи и за помалку, не па за ова. Но, слатко е сега од позиција на опозиција да глумиш праведност.

Со каква и да е причина и каков и да е повод, сепак се поместија работите и незамисливото се случува, што и тоа само по себе не е малку – да се говори против еден провладин – силно партиски и меѓународно поддржан медиум, кој е толку смаоуверен во својата сила, да може да кликне со прстите и да уништи нечиј живот или бизнис.

Одамна наговестив за ова и се’ повеќе говорат, па дури и нивни партиски медиуми се охрабрија – но, чисто се сомневам дека ќе има таква разрешница. Ќе се пушатат пар инспекции, па у Мрзенци на договор, прасеќе, јагнеќе, па некој нов фонд за иновации у кеш за прогресивност, па дотации од фондации – „пара врти, где бургија нече“, она, најселски кажано – оти се докажавме: секој има цена – плаши се да не ти ја погодат.

Јас сум скептичен во исходот – но, едвај чекам некој да ми докаже дека не сум во право.

Доста беше анална демократија!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес