Aнастасија Ражњатовиќ ја доживеа истата тажна судбина на мајка си, го изгуби бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ неодамна со јавноста ја споделиле веста дека наскоро ќе станат родители и дека пејачката чека девојче, но, за жал, бременоста е прекината.

Имено, славниот пар вчеравечер на социјалните мрежи соопштиле дека, за жал, го изгубиле бебето. Фудбалерот, Немања Гудељ на „Инстаграм“ напишал дека ова за нив е болен момент, но веруваат како нивната љубов ќе надмине сè низ што минуваат. „Со вас споделивме среќна вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Ви благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање затоа што не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го изгубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, стои на објавата на познатиот фудбалер.

Анастасија го деактивирала својот профил на споменатата социјална мрежа и одлучила одредено време да се повлече од јавноста.

Инаку, само неколку месеци претходно, мајката на Анастасија во својот серијал „Ceca Show“ открила интимна приказна која јавноста до тој момент не ја знаела. Имено, и таа го загубила своето бебе непосредно пред венчавката.

„Јас и Жељко очекувавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме за февруари, а јас претходно останав бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе“, изјавила фолк ѕвездата. И покрај загубата, Цеца и нејзиниот сопруг не сакале да ја откажат венчавката. „Се договоривме да не го поместуваме датумот, па така судбоносното „да“ го кажавме кога и планиравме, на 19 февруари 1995 година.“

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ планирале да се венчаат летово, по 50 роденден на Цеца, а потоа следната година да организираат голема свадбена прослава во Белград. Дали новите околности ќе го променат планот?