Анастасија Богдановски постави нов државен рекорд на 100 метри слободно и норма за СП 2015

Извонреден почеток на шампионатот во долги базени на САД кој до 3.август ќе се одржува во Сент Морис, Мериленд, имаше најдобрата македонска пливачка Анастасија Богдановски, која на 100 метри слободно го освои златниот медал, поставувајќи во исто време и нов државен рекорд на Македонија од 56.50 секунди. Нашата пливачка успеа да го поправи стариот рекорд кој гласеше 56.61, а кој исто така беше во нејзина сопственост, поставен во Шарлот во мај оваа година.

Инаку Богдановски со овој резултат успеа да избори и норма за Светското првенство 2015 кое ќе се одржува во Казан, Русија.