Македонската пливачка Анастасија Богдановски на шампионатот во Сент Морис постави нов македонски рекорд.
Богдановски успеа да го сруши македонскиот рекорд на 100 метри грбно со време од 1:05.46 минути и воедно го освои златниот медал. Претходниот рекорд исто така беше во нејзина соспственост и изнесуваше 1:06.82 минути.
Претходно Анастасија Богдановски ги сруши државните рекорди на 100 и 200 метри слободно.