АНБ и Државниот пазарен инспекторат со нови директори

Владата, на денешната седница донесе и кардовски решенија.

На седницата беше разрешена директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат.

Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот.

На денешната седница, за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, како што е веќе известено, е назначен Зарко Милошевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.