АНБ и УКИМ ќе потпишат Меморандум за соработка

Агенцијата за национална безбедност и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска ќе потпишат Меморандум за соработка, кој според УКИМ претставува унапредување на меѓусебна соработка заради ефикасно спроведување на надлежностите утврдени со Закон.

Со овој Меморандум, Агенцијата и Универзитетот ќе соработуваат и взаемно ќе даваат помош и поддршка во следниве области: практична настава на студентите на Универзитетот, научноистражувачка и апликативна дејност, организирање на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции и слично, взаемна соработка при изработување на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, користење на стручна литература од библиотечниот фонд на Универзитетот за потребите на Агенцијата, давање експертска помош од страна на Универзитетот при изготвување на одредени законски и подзаконски акти од надлежност на Агенцијата,…

Соработка е предвидена и во областа на стипендирањето и доделувањето на школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.