Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти изјави дека сака да направи тим кој ќе се бори за титулата до крајот на сезоната. Тој додаде дека неговата главна цел е да победува.
Тука сум за да победувам. Мојата цел е да имам тим кој ќе се бори до крајот на сезоната за титулата. Мислам дека секој од нас треба да се мотивира. Ако сакате да станете Лео Меси, тогаш вашиот пат зависи од генетиката, но можеш да тренираш секој ден, за да станеш подобар. Тоа е исто кога станува збор за тимот и сметам дека треба да го детронираме Јувентус. Тоа е една далечна цел, но не е неостварлива, изјави Карло Анчелоти за „Football Italia”.
59-годишниот специјалист застана на чело на неаполитанците во мај годинава.