Анчелоти: Атлетико има проблеми, но ќе се врати во трката за титулата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека е прерано да се даваат прогнози за тоа кои тимови ќе се борат за титулата, но убеден е дека Атлетико ќе се врати на победничките патеки.

Реал синоќа во мадридското дерби го победи Атлетико со 2:1.

– Имавме два гола предност, добро се браневме. Во вториот дел на нашите акции недостасуваше ефективност, немаше желба да одиме напред и да му нанесеме завршен удар на противникот. Мислам дека Атлетико е многу добар тим, има многу квалитетни играчи. Имаат проблеми на стартот од сезоната, но до крајот ќе се борат за титулата. Сè уште ништо не е решено. Ние добро ја започнавме сезоната, тие – полошо, но се може да се промени. Нашиот тим одигра одлично во некои аспекти. Се истакна Валверде. Тој е способен да дејствува како крилен напаѓач, а сепак успева да им помогне на играчите од средниот ред. Тоа е многу важно за нас во однос на тактичката флексибилност. И Родриго е добар. Тој е паметен и може да игра на која било позиција, изјави Анчелоти.

Реал по шест кола има максимални 18 бода и е лидер во Ла Лига. Атлетико Мадрид со 10 бодови е на 7. место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.