Анчелоти ги побара Морено, Барнат, Погба, Гундоган и Манџукиќ

Иако има уште неколку месеци до официјалниот старт на летниот преоден рок, предводникот на најтрофејниот шпански клуб, Реал (М), Карло Анчелоти веќе го состави списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на “Сантијаго Бернабеу” пред стартот на новата сезона.

Трофејниот италијански стручњак планира најмалку три засилувања, по едно во дефанзивната, средната и напаѓачката линија.

Кога е во прашање одбраната, “кралскиот клуб” ќе испрати официјална понуда до стандардните првотимци во дресовите на Севилја и Валенсија, Антонио Морен и Хуан Бернат.

Анчелоти е убеден дека срединиот ред може да добие уште повеќе на креативност ако бидат осигурани услугите на Пол Погба од Јувентус и тие на Илкаи Гундоган кој веќе неколку сезони го носи дресот на Борусија од Дортмунд.

За тресење на противничката мрежа во новата сезона, најверојатно ќе биде задолжен хрватскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Марио Манџукиќ.

Шпанските медиуми потврдија дека излезната врата од “Сантијаго Бернабеу” најверојатно ќе им биде покажана на Фабио Коентрао, Касемиро и на Алваро Мората.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.