Анчелоти го презема Евертон

Италијанскиот фудбалски стручњак, 60-годишниот Карло Анчелоти според сѐ судејќи е новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Евертон.

Анчелоти во понеделникот постигнал договор со водството на клубот од Ливерпул и се очекува дека Евертон наскоро и официјално ќе ја потврди веста.

Сопственикот на Евертој, британско-иранскиот богаташ Фархад Мосхири разговарал со искусниот италијански тренер и бил одушевен што на „Гудисон Парк“ може да доведе стручњак кој пет пати ја освојувал Лигата на шампионите, двапати пако играч и трипати како тренер.

Анчелоти минатата седмица доби отказ во италиканскиот прволигаш Наполи, а на клупата на Евертон ќе го замени Португалецот Марко Силва. Екипата привремено ја води Данкан Фергусон кој би требало да биде еден од соработниците на Анчелоти.

Италијанскиот тренер веќе работеше на Островот, од 2009 до 2011 година го водеше Челзи освојувајќи го првенството, ФА купот и ФА Комјунити Шилд.

Евертон моментално се наоѓа на 16-то место во Премиер лигата, со 18 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.