Анчелоти подготвен да води и војна за Касиљас

Предводникот на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Карло Анчелоти и понатаму останува на ставот дека клубот не смее да му дозволи на легендарниот капитен, Икер Касиљас да си замине од “Сантијаго Бернабеу” за време на зимскиот преоден рок.

“Тука не станува збор за некоја лесна одлука. Имам на располагање голмани со светски квалитет, ги имам на располагање најдобрите голмани на денешницата. Моментално Лопез е број еден, а ротирањето на голмани е нешто неблагодарно, нешто многу тешко. Исто така, многу е важно двајцата да ја сватат мојата одлука, да имаат разбирање. Ќе се борам за Икер, исто како што се борев за Алонсо. Во овој тим има фудбалери, играчи кои се заштитен знак, кои се претставници на клубот. Подготвен сум да водам и војна за Касиљас, сакам тука да ја заврши својата богата кариера, тука, во Мадрид”, изјави трофејниот италијански стручњак.

За разлика од Анчелоти, репрезентативецот на Шпанија се почесто изјавува дека е подготвен за промена на клупската средина и дека сака во новиот клуб да има статус на стандарден првотимец.