Анчелоти верува дека предноста на Барса и Атлетико е лесно достижна

Тренерот на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Карло Анчелоти, испрати јасна порака до челниците и фудбалерите на Барселона и Атлетико (М), дека “кралскиот клуб” може многу лесно да ја намали бодовната негатива од пет бода.

„Пет бода? Лесно можеме да ги анулираме, не станува збор за некоја недостижна предност. Сега се е јасно на табелата, имаме јасна слика. Барселона и Атлетико (М) играат одлично во последниот период. Имаат пет бода повеќе од Реал (М) и со право, во овој момент важат за први фаворити за шампионската титула. Сепак ние имаме голема амбиција кога е во прашање вториот дел од актуелната сезона”, изјави трофејниот италијански стручњак.