18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Јанчев: Продолжува поставувањето на фотонапонски панели на jавните oпштински објекти во Кавадарци

Продолжува поставувањето на фотонапонски панели на Јавните Општински објекти во Кавадарци, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Кавадарци е меѓу првите општини која започна со реализација на проектот ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни Општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час’’. Покрај Општинската зграда, ООУ „Димката Ангелов Габерот“, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, СОУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци, СОУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа, деновиве се поставија и во СОУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци па следуваат и останатите кои се планирани, истакна Јанчев.

Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој ќе се придонесе за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија, додаде тој.