Јанчев се сретна со фудбалери и кошаркари- Кавадарци е спортски град

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци и актуелен градоначалник Митко Јанчев и носителот на советничката листа д-р Стојанчо Рамов денеска имаа средба со кошаркарскиот клуб Спортисимо М18.

– Младите се нашата иднина. Кавадарци е спортски град кој допрва ќе постигнува големи успеси во сите спортови. Денес имавме средба со KK Спортисимо М18. Општина Кавадрци и до сега даваше поддршка на сите спортски клубови, ќе продолжиме и во наредниот мандат – рече Јанчев пред играчите и раководството на клубот.

Денот во спортски дуг тие го продолжија со средба со нашиот прволигаш ГФК Тиквеш.

– За овие момци ќе слушаме многу, со овие момци ќе прославуваме големи победи. Општина Кавадарци и во наредниот мандат ќе продолжи со голема поддршка за сите спортски клубови. Кавадарци за сите спортисти – порача кандидатот за градоначалник.