21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Јанчев: Традиционална бадникова поворка во Кавадарци

Првиот човек на Општина Кавадарци Митко Јанчев во совојата објава додава дека на поворката учествувале над 150 деца учесници придружувани од свештени лица.

„Беа пречекани од претседателот на Советот на Општина Кавадарци д-р Стојанче Рамов, и секретарот на Општина Кавадарци, и им беа доделени бадникови пакетчиња, кои се донација од Кам Маркети во соработка со Општина Кавадарци.

За многу години!“, објави Јанчев.

Втора година по ред беше организиран и заеднички ручек на Градскиот плоштад во Кавадарци.

„Се собравме!

Во пресрет на Божиќните празници денеска на Градски плоштад втора година по ред, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании организираше заеднички ручек, со кој на сите граѓани им понудивме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кој веруваме ќе стане традиционален. Беа поделени повеќе од 1500 порции ручек, приготвени од вештите раце на најголемите мајстори во Македонија, на кои за да им ја покажеме бескрајната благодарност, претседателот на Советот им додели благодарници и колекција вина од Винарија Кимов.

Секако дека ова не би било возможно без нашите пријатели од Слога Пром Кавадарци, Бадев ДООЕЛ, Жито Југ, Грација Пром, Маркети Минекс, Ресторан Моклиште, Кожувчанка, Пиљара и продавница за здрава храна Аце Пром, Пекара ,,Софи”, Димов Те-Ди Макарена с. Ваташа, физичко лице Панче Арсовски,семејна винарија Пешков, Винарија Кимов, Анси Фреш Неготино,Ресторан Пронто Вруток, на кои од срце им благодариме!

Затоа што магијата на божиќните празници е токму во споделувањето на заеднички моменти.

Среќен Бадников ден!“, соопшти градоначалникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.