Јанчев: Во Кавадарци комплетно се градат атмоферски, канализациони и водоводни мрежи, нов булевар и се заврши спортска сала во Ваташа

Почитувани граѓани на општина Кавадарци, почитувани жители на село Ваташа, почитуван претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господин Христијан Мицкоски, советници во градското Собрание, медиуми и сите присутни, ова денес го исјави градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

„Денеска на задоволство на општина Кавадарци и, пред сѐ, како градоначалник, на посета ни е господинот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и посетивме неколку проекти од капитално значење на општина Кавадарци и развојот на нашите граѓани во делот на инфраструктура и капитални објекти. Би ги споменал трите објекти кои ги посетивме, едниот е веќе отпочнатиот од шесте проекти преку КВФ, германска банка и Сојузна Република Германија, грант добиен од 2,4 милиони евра на општина Кавадарци за реконструкција, изградба и доизградба на атмосферска канализација, водоводна линија и канализациона мрежа со враќање во првобитна состојба на сите улици и булевари и нивно комплетно асфалтирање. Еден голем залак за општина Кавадарци со добиен грант од 2,4 милиони евра и трајно решавање на атмоферски, канализационите и водоводните мрежи за наредните 70 години. Исто така, посетивме и капитален инфраструктурен проект, тоа е доградбата на западен булевар, т.н. коњски дупки, булевар кој што се чека повеќе од 20 години да се изгради, еве дојде денот за изградба и веќе е отпочнат со комплетна атмосферска и водоводна линија, канализациона, асфалтирање и нормално со улично осветлување со вредност од 24 милиони денари, општински обезбедени средства. И денес сме тука, на задоволство на село Ваташа и неговите жители, на отворањето на оваа спортска сала која што ја изградивме за неполна година. Повеќе од 60 години од постоењето на ова училиште до сега немаше спортска сала за овие дечиња тука да се рекреираат и воспитуваат. Оваа спортска сала пред сѐ ќе биде наменета за учениците на училиштето од село Ваташа. Ова е инвестиција од 24 милиони денари, општински обезбедени средства, завршена за 9 месеци со комплетна нејзина инфраструктура и сите придобивки кои што треба да ги има и наставниот кадар, но и учениците. Кавадарци во наредниот период ќе се движи во прав правец, отпочнати се уште 10 проекти кои што денес нема да ги споменуваме и сакам тука пред медиумите и јавноста, како и пред претседателот дека предизборната програма која што беше ветувана програма од ВМРО-ДПМНЕ и мене како градоначалник во овој мандат со нашите очекувања и сите реализации и финансиски обезбедени средства ќе биде реализирана како и првата програма за не повеќе од две ипол години“, истакна Јанчев.

„Така да, со домаќинско, објективно и културно работење би кажал, заеднички од каде што доаѓате како партија и луѓе кои што сакаат да работат, предизборните програми не се само ветувања туку се целосно исполнување за самите граѓаните“, додаде тој.