Јанчев: Во Кавадарци секојдневно се гради, а вработените од „Комуналец“ ќе добијат и 13 плата

Кавадарци во континуитет комуналната изградба ја следи со голема динамика. Како отчетна и транспарентна партија и пред се народна партија, нормално интересот на претседателот е сите негови функционери и чинители во делот на завршувањето на обврските спрема граѓанството и општеството во која фаза сме. Како што сами споменавте дека ќе посетиме неколку проекти тоа се четири од вкупно 24 почнати кои што се работат во моментов. Сега се наоѓаме на улица „Вишесница“, ова е еден од најклучниот и крупен проект преку КФГ Германска банка, со 2.5 милиони евра, од шесте проекти кои што неодамна ги отпочавме пред шест месеци, истакна денес градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

-Значи се работи на комплетна атмосферска, канализациона и водоводна мрежа во строгото централно подрачје со должина од еден километар, враќање во првобитна состојба со два слоја на асфалт и уредување на тротоарите на самите улици. Значи после 50 години, Кавадарци трајно ги решава атмосферските води и канализационите мрежи кои што ова строго централно градско подрачје имаше големи проблеми. Ние денеска со претседателот заедно и со другите ќе го посетиме Западен булевар кој што пред пет месеци претседателот беше тука на самото отпочнување, еден капитален проект од 25 милиони денари и кој што го завршивме за пет месеци, а го чекаа граѓаните 40 години. Тоа е пробивање на новиот булевар во место „Коњски дупки“, „Лазар Асијата“ е улица која што и вие знаете за која што се чекаше повеќе од 30 години да се пробие. Околу 32 милиони денари комплетна инвестиција, значи ги правиме овие проекти, ги правиме со атмосферска, канализациони мрежи, со водовод, со улично осветлување, со тротоари, комплетно завршени. Тој проект е во фаза на пробивање и најкраток рок за завршување е шест месеци со оглед на временските прогнози. И тоа се сѐ пари обезбедени од Општина Кавадарци без никакви други донации. И да не заборавиме денеска ќе го посетиме и колекторскиот систем, кој што е во должина од 600 метри, ФИ 800. Тоа го работи јавното претпријатие „Комуналец“ со лични средства, со лична инфраструктура и комплетна нивна работа. инвестицијата е 9 милиони денари, сакам тоа да го потенцирам и да кажам дека нашето јавно претпријатие е во добра кондиција и е единствено јавно претпријатие кое што само прави такви конструкции од голем аспект. И заедно, впрочем заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, и со претседателот во консултација и на моја иницијатива предложивме да јавното претпријатие „Комуналец“ оваа година, најтешка година земе 13-та плата односно вработените во јавното претпријатие „Комуналец“, покрај тоа што ќе му се исплати К-15, истакна тој.

Јанчев посочи дека опозицијата во Град Кавадарци, а тоа е Социјалдемократскиот сојуз се против 13-та плата да се даде на работници од јавното претпријатие „Комуналец“, а платите се толку на ниско ниво што луѓето едвај се прехрануваат во месецот.

-Така да ние сме на страна на народот и на страна на работодавачите. Ние не земаме пари од граѓаните за да собереме за плата како што кажуваат они, како што напаѓаат, напротив со реализација на јавното претпријатие кое што со сопствени ресурси ги правеле конструкциите, доградби и изградби на новите капитални објекти, со тоа прави заштеда во делот на сопствените ресурси, е таму се парите кои што може да ги дадеме за 13-та плата. И да не заборавиме дека во месец февруари ние кога абер немаа другите дека ќе имаме проблем со електричната енергија пуштивме петта мини хидроцентрала со 150 киловати електрична енергија производство на час и инсталиравме 200 киловати фотоволтаици. Е, тука се парите, тука се заштедите, тука е тоа што можеме да го направиме за добро на граѓаните, рече Јанчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.