Професорот Оливер Андонов во дебатата на ТВ Нова зборуваше за тоа дека единствена уставна можност за враќање на Собранието е војна или вонредна состојба и дека никој не би го посакал тоа на државата.
„Ова ви го кажувам затоа што на тој начин ќе направиме уште еден преседан, противуставно ќе делуваме, ќе го вратиме Парламентот. Што ќе изгласаат? Дека ќе има избори во септември? За во септември пак некој да не се согласува и да отвориме само Пандорина кутија во непрестајни преседани?“, изјави Андонов.
„Или да отвориме можност на следните нормални или редовни парламентарни избори коалицијата или партијата на власт да каже „ние не распишуваме избори“?“, додаде Андонов.