Андонов: Тргнуваме силно и непоколебливо, тимски да ја презентираме нашата визија за уште помодерена и поразвиена Општина Василево

Почитувани сограѓани,
Дозволете да ви се заблагодарам за искажаната поддршка, како и на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Мицкоски , за укажаната чест да ја потврди мојата кандидатура за градоначалник на општина Василево.
Свесен сум дека преземам огромна одговорност и дека влегувам во најважната политичка битка во мојот живот.
Од денеска па натаму, ценети мои сограѓани, официјално и практично се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори .
Јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник , без исклучок на сите граѓани на општина Василево.
Народот е свесен!
Атмосферата и енергијата се тука, треба да ги насочиме во вистински правец, да сработиме и победата е тука, наша е!
Заедно сите со граѓаните, членството кое работи со срце, лавовски се бори, да се здружиме, да ги збиеме редовите, да си подадеме рака, да се обединиме, за да имаме промени и напредок.
.Заедно ќе го направиме најдоброто за нашата општина!
Како кандидат за градоначачалник на Василево најавувам дека ќе имам позитивна кампања и моето појавување пред јавноста и кај граѓаните ќе биде гордо и достоинствено преку презентирање проекти и она што му е потребно на Василево.
Време е за промени.
Време е за Василево за сите луѓе!

Фејсбук статус на Славе Андонов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.