Андоновска: Ако вакцинацијата за Ковид-19 се одвива како за сезонскиот грип, значи ќе имаме катастрофа и хаос

„Филипче нека направи барем план за вакцинација. Кога ќе стигнат вакцините да не биде повторно изненаден, па да не го правиме планот уште два – три месеци. Па, кај ќе бидат пунктовите, па кој ќе вакцинира, па кој ќе се вакцинира, па списоци. Значи, барем сега, еве ги немаме вакцините што ги немаме. Имаме 2.340, ако бидат поделени. И мора да бидат поделени, бидејќи дел од колегите што ги слушам, бидејќи нели тие ќе бидат првите кои што ќе ја добијат вакцината, велат јас се пријавив за вакцинација но не сакам да се вакцинирам. А, зошто не сака? Па вели па на овие не можеш да им веруваш“, рече Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Радио Лидер“.

Андоновска додаде дека медицинскиот персонал не верува на власта. Лицата од медицинскиот персонал се плашат дали ако сега примат вакцина, за дваесетина дена ќе има друга доза за ревакцинација.

„Како ќе оди таа динамика. Еве сега имаме мала доза, не се знае и за оваа доза кој прв ќе се вакцинира. Каде ќе биде, кој ќе биде. Но еве да речеме во ред нешто од нешто ќе се почне, кога ќе стигнат другите вакцини, од каде ќе стигнат другите вакцини, кои ќе бидат следните чекори, дали ќе останеме на тоа да се вакцинираат 2.000 дневно. Како ќе се спроведува сето тоа“, запраша Андоновска.

Андоновска посочи дека министерот Венко најави дека процесот вакцинација ќе оди преку матичните лекари, како што одеше вакцинацијата за сезонски грип.

„Па ако се навратиме како одеше процесот на вакцинација за сезонски грип, значи ова ќе биде повторно една голема катастрофа, еден голем промашај, еден голем хаос“, заклучи Андоновска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.