Андоновска: На функционерита на Заев платите им се малку, па земаат плата и како советници

Функционерите на Владата на Зоран Заев малку им е функционерската плата, па се дрзнаа да земаат плата и како советници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Огромен скандал е што државниот секретар во министерството за здравство и претседател на општинската организација на СДС во Штип, Владимир Милошев, освен тоа што земал плата за функцијата којашто е поставен, си се поставил и за советник на министерот за дополнителен хонорар. Овој случај не е единствен, според документите што се појавија по медиумите, јасно се гледа дека и одредени советници, во исто време се и советници и членуваат во разни комисии и управни одбори, каде земаат уште по една плата. Во игра се илјадници денари кои се одлеваат од државната каса во приватните џебови на функционерите на СДС. Потребна е одговорност. Бараме освен откажување од дуплите функции кои ги имаат да ги вратат во буџетот и дуплите плати кои ги земале. Потребна е одговорност, изјави денеска Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека овој безобразлук мора да престане, нагласувајќи дека парите кои се расфрла Владата на СДСМ не се во нивна сопственост, туку тие се пари на граѓаните на Република Македонија. Потенцираше дека одговороност мора да има и оти ќе има, додавајќи дека ваквиот криминален и насилнички начин на делување ќе заврши на 15-ти октомври.