Андоновска: Наумоски јавно призна дека не планира да го реализира она што го ветува

Александар Наумоски, кандидатот за градоначалник на СДС за општина Ѓорче Петров јавно призна дека не планира да го реализира она што го ветува. Наумовски е класичен пример за политичар од СДС. Го ветува она што знае и самиот дека не може да го реализира. Со тоа Наумоски докажа дека за се што зборува, лаже исто како неговиот шеф Зоран Заев, истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека Наумоски јавно призна дека лаже во кампањата и нема намера да го оствари тоа што го ветува во Ѓорче Петров.

-Целата македонска јавност виде и слушна дека Александар Наумоски во изборната кампања всушност свесно ги лаже своите сограѓани Ѓорчевци. Наумовски на една од гостувањето на националните телевизии јавно пред цела јавност призна дека тој е само производ кој што сега за време на избори како кандидат за градоначалник се продава. Ѓорчевци видоа дека Александар Наумоски е човек на кого не може да му се верува, бидејќи целата негова програма е нереална и неостварлива, а сето она што тој сега го нуди е само еден предизборен маркетиншки трик, со цел да се продаде за што е можно повеќе гласови, па откако би станал градоначалник јасно би било дека тој нема намера тоа да го реализира, нагласува Андоновска.

Граѓаните на општина Ѓорче Петров, посочува таа, заслужуваат човек кој ќе работи за нивните потреби и интереси, човек на кој што може да му се верува и што ќе може да реализира проекти за нивен подобар и поквалитетен живот.

-Затоа, Ѓорчевци на 15-ти октомври ќе го казнат Александар Наумоски и СДС за сите лаги и манипулации. Ѓорчевци нема да дозволат неспособноста на СДС и Заев да се отслика и врз општина Ѓорче Петров, вели Андоновска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.