Андоновски: Арсовска наместо да крати од договорните услуги, двојно ги зголемува, а ги намалува средствата за инфраструктура

Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и порача на Данела Арсовска, дека со амандманот за изградба и реконструкција на улици бараат кратење на средствата од договорни услуги, додавајќи дека, обвинувањата отиа ВМРО-ДПМНЕ блокира, не се точни, бидејќи во истата ставка договорни услуги ќе останат 17 милиони денари.

-Од истата ставка во 2021 година Петре Шилегов како градоначалник потрошил 23 милиони денари, градоначалничката до кварталниот извештај во октомври потрошила 18 милиони денари. Ние предвидуваме да останат 17 милиони денари. Како ќе се блокира градот ако на сметка останат 17 милиони денари? Сега е криза, енергетска и економска и целта е да трошиме помалку на договорни услуги, а не повеќе. Но, градоначалничката и тие кои го планирале овој дел, планирале да потрошат 52 милиони денари на иста ставка каде што во 2021 година Шилегов потрошил 23 милиони денари, а ланската година односно годинава, таа потрошила 38, па како стигнавте до 52 милиони денари, стигнавте. Во време на криза, вие наместо да ги кратите договорните услуги, вие ги зголемуваме за дупло, а затоа кратите на патишта, на инфраструктура, на проекти, истакна Андоновски.

Андоновски нагласи дека следуваат уште 20 амандмани од други политички партии за кратење на пари за патишта и ако продолжи вака може Арсовска да не може да ја реализира ни програмата за сообраќај, а не пак „За Модерно Скопје“.