Андоновски: Бесплатен јавен превоз ќе има! Шилегов имаше 4 години шанси да обезбеди брз, достапен, евтин автобус, без да се шири Ковцид-19

Бесплатен јавен превоз ќе има! Петре Шилегов имаше четири години шанси да обезбеди брз, достапен, евтин автобус, без гужви кои шират Ковид 19, пишува Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

-Бесплатниот автобуски превоз, заедно со другите мерки од програмата на #Данела ќе доведе до намалување на сообраќајниот хаос, но и почист воздух и намалување на загадувањето. Тоа е приоритет за скопјани.
Пари има. Зашто новата градска администрација нема да вдомува стотици квази-невладини активисти како некојси експерти, и да троши стотици илјади евра за поткуп на маркетинг агенции и истражувачки куќи кои го фалат Шилегов. Нашиот проект ќе биде поевтин од прескапата утопија на Шилегов со која предвидува уништување на паркот во Ново Лисиче, уништување на зеленилото и водоводот на Партизанска и бетон на булеварот кај Народна Банка. И да го реализира Шилегов, проектот за транспорт ќе донесе повеќе хаос отколку зеленило.
Свесни сме дека за луѓето на Шилегов, визионерски и храбри проекти се незамисливи за реализација.
Затоа и време е да си одите.
Вакви проекти веќе има во десетици места во Европа – од Естонија па до Франција. Ветивме дека Скопје ќе стане модерен европски град и тоа е нашата мисија. Така ќе ја создадеме новата иднина за нашиот град, додава Андоновски.