Андоновски: Група на професори од СУГС Орце Николов бараат целосна ревизија на работењето на директорот – за само 3 години изградил спрат на куќата, си купил џип и мотор

Овој совет, особено ова мнозинство нема шанса да прогледа низ прсти на ниту еден раководител или директор независно чиј бил, со кого бил близок, чиј брат, братучед, кум или кума бил, и исто еднакво ќе работиме за сите, никој не е заштитен и за сите одоговорност ќе има, порача денес на седницата на совет Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски истакна дека според податоците од системот за јавни набавки, во две средни училишта исти фирми добивале тендери, како и дека трошеле на се што освен на она што вистински е потребно во образовниот процес.

Ќе се задржам на две училишта, но има неколку клучни точки што ги поврзуваат овие две школи. Првата клучна точка е омилени фирми, низ сите јавни набавки кои што ги спровеле овие две училишта кои што јас ги разгледував имаме исти или слични две три фирми кои што се повторуваат постојано. Второто е дека во овие училишта се трошело на се, освен на она што му е потребно на образовниот процес. И третата еднаква забелешка имам за двете училишта, образ џон, никаква одговорност спрема никако, рече тој.

Првото училиште кое што според Андоновски работело незаконски изминатите години е Јосип Броз Тито, каде што како што рече тој истото потрошило над 400.000 евра за одржување на училиштето, набавиле тонер и принтери во вредност од 40.000 евра, а во исто време набавиле услуги за фотокопирање и принтање во вредност од 40.000 евра.

Првото училиште е Јосип Броз Тито, кое што за волјата на вистина започна да биде на дното и по успех, и по број на запишани ученици, и по меѓусебна конкуренција. Имаме сериозни проблеми прво со омилени фирми. Да видиме вака за одржување на зграда во Јосип Броз Тито се потрошени 400.000 евра, нови згради да изградеа две помалку пари ќе потрошеа и тоа во 2021 година 10.900.000 денари, во 2020 година 500.090 денари, во 2020 година повторно 7.200.000 денари, во 2019 година 3.000.000 денари. Ова е се достапно од електронскиот систем на јавни набавки. И многу интересно за мебел во последните години се потрошени 46.000 евра, што мебел ќе беше, праша Андоновски и додаде:

Вториот дел е на обуки, 80.000 евра или 4.000.000 денари од кои за една од обуките организирана е од членката на Извршниот одбор на СДСМ, и би требала таа и да е платена од таа организација од Еразмус средства. И третиот аспект од јавни набавки што е многу интересен, училиштето набавува тонери и принтери и во исто време набавува услуги за фотокопирање и принтање и тоа за три години, набавка на опрема и одржување на таа опрема 40.000 евра, и за услуги за копирање исто така троши 40.000 евра.

Андоновски посочи дека и во средното училиште Орце Николов потрошиле 200.000 денари за кетеринг, а потрошиле и 290.000 евра за тековно одржување на истото.
Второто училиште „Орце Николов“, во мај месец се потрошени 200.000 денари на кетеринг, затоа што за тековно одржување и овде се потрошиле 290.000 евра, во 2020 година 5,6 милиони денари, во 2021 година 8,7 денари, 2,3 денари на една фамозна ограда и 1,4 милиони денари за тековно одржување во 2019 година, нагласи тој.
Андоновски прочита и писмо од група на професори вработени во средното училиште Орце Николов кои бараат целосна ревизија на работењето на директорот, додавајќи дека се сомневаат дека директорот во текот на директорувањето започнал и изградил спрат на куќата во која што живее, како и дека за само три години со неговата плата џип и мотор.

Она што денеска стигна до нас, професори потпишани со име и презиме кои што стојат позади ова писмо, претставка од група професори од СУГС Орце Николов, ние вработените веќе подолго ја следиме работата и состојбата која се случува во училиштето, молиме вашата институција да изврши целосна ревизија на јавните набавки од седнување во функција, бараме во целосно да се проверат спецификациите на јавните набавки, да се измерат во целост сите извршени работи, броеви, мерки, димензии посебно на железната украсна профил ограда на целиот парк ограда во училиштето, посебно за железните профили бидејќи во текот на директорувањето имаме сознанија дека започнал и изградил спрат на куќата во која што живее, посебно за плочките која ги изработи фирмите во фоајето бидејќи истата фирма ги одработи и плочките во неговата куќа, за само три години директорот со плата обезбеди освен изградба на спрат од куќа, автомобил џип и мотор, рече Андоновски.