Андоновски: На 4-ти февруари Македонците ќе отидат на гробот на Делчев и ќе бидат достоинствени како секогаш

Јас ќе очекував огромниот број на Бугари во Македонија како што претставуваат дека ги има, да излезат и да го прослават денот на раѓањето на Гоце Делчев. И тоа да го направат пристојно со цвеќиња. Но, тоа не се случува, туку од Бугарија платени луѓе, организирани луѓе доаѓаат за да направат провокација во Македонија и тоа со бугарски знамиња. Значи јас Гоце Делчев никогаш не сум го видел позади бугарско знаме. Никогаш не сум видел да се борел за бугарска кауза, дека ја спомнува Бугарија како држава која што треба да се ослободи напротив ја спомнува Македонија“, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Топ тема“ на Телма телевизија.

Андоновски додаде дека ќе очекувал ако беа фер во пристапот, ако беа доблесни и овие здруженија би требало да излезат и мирно и чесно со почитување на сите правила да го прослават роденденот на Гоце Делчев.

„Но за жал очекувам дека ќе дојдат провокатори. На кој начин тоа ќе го организираат не можам да знам и колку МВР ќе се справи со истата ситуација исто така не можам да знам. Од позадинското CV, портфолио кое што го има Оливер Спасовски не покажал дека баш добро се справува со ваквите ситуации. Се сеќаваме и на инцидентите кои што се случувале на Мечкин Камен, се сеќаваме и на инциденти кои што ни се случувале и во центарот на Скопје“, потсети Андоновски.

Тој посочи дека на 4-ти февруари Македонците ќе отидат на гробот на Гоце Делчев и ќе положат цвеќе и ќе бидат достоинствени како што и секогаш сѐ.

„На гробот на Гоце Делчев ќе бидеме ние како политичка партија, но и здруженија на граѓани, навивачки групи и ќе има позитивна атмосфера на достоинствен начин. Од наша страна, односно од страна на Македонците ќе биде како што треба“, рече Андоновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.