Андоновски: Почнуваат ли нови преговори за распродажба на македонскиот идентитет далеку од јавноста

Владата на Зоран Заев преговара за македонскиот јазик и идентитет далеку од очите на јавноста. Од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската влада, истакна на прес-конференција во неделата Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски посочи дека јасно е оти премиерот Заев, како и министрите за надворешни и за европски работи Бујар Османи и Никола Димитриц знаат што содржи документот предложен од Софија, но дека тоа го кријат од јавноста, и во текот на празниците преговараат за нови отворени прашања

„Вчера од телевизиско интервју на министер од бугарската Влада се потврди дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет. За овој Анекс предупредувавме пред три месеци. Како што се гледа во видеото дел од барањата за македонската Влада се образовна реформа, ретуширање на историјата, односот кон малцинствата, македонската историја.Срамота е за македонскиот идентитет, јазик и историја да се дискутира на телевизиски емисии во Софија, без никој во Македонија да не знае што е на маса. Срамота е во исто време Димитров да ги убедува Македонците дека треба да одморат од спорот со Бугарија, додека Бучковски се подготвува за нова средба и дискусии“, рече Андоновски.

Оцени дека станува збор за „срамно“ однесување на Владата, која реалната состојба во македонско-бугарските преговори ја крие од граѓаните и прави лажен привид дека сите прашања се затворени.

„Јавноста заслужува да знае. Кој го видел нон пејперот од Бугарија? Што содржи Анексот од 12 точки кој Владата го крие од очите на јавноста? До каде е подготвена Владата да ги прифаќа предизборните барања на Бугарија? Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и македонската историја? Дали образовната реформа на Мила Царовска со која се укинува предметот историја е за да се исполнат бугарските барања?“ “, посоч Андоновски.

Потсетии дека уште пред три месеца претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за медиумите предупреди дека постои штетен Анекс на Договорот со Бугарија во кој се погазува македонскиот идентитет, јазик и историја.

„Тогаш бевме нападнати дека шириме невистини. Очекуваме Заев и треба да се извини што ширеше лажни вести. Димитров очекуваме да си поднесе оставка. А, по падот на оваа власт, ќе следува одговорност за сите недела кои и се прават на Македонија и македонскиот народ“, истакна Андоновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.