Андоновски: Шилегов 4 години ветува Луна парк, а има само руини, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради Луна парк

Токму од ова место, пред четири години Петре Шилегов на скопјани им вети нов забавен парк, но и чист воздух за скопјани. Тој вети и план за ноќен живот подалеку од Градскиот парк со соодветни сцени и паркинг места, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред 2 години тој повторно вети Забавен парк – со криминално изработена студија која никогаш не го виде светлото на денот. И лани излажа дека ќе има Забавен парк.

4 години потоа 2021 година – скопскиот Луна парк е во руини, а набавените содржини од претходниот градоначалник стојат заборавени во некое депо.

И денес, Петре Шилегов, ќе ги лаже скопјани дека само што не отпочнал со изградба на нов парк, на нов Забавен парк, или само што не нашол решение Скопје повторно да биде на мапата на градови со урбан забавен живот и за најмладите, и за повозрасните.

На скопјани им е доста од лагите и манипулациите на Петре Шилегов.

На 17-ти октомври излегуваме сите заедно и гласаме за промени.

Со избор на бројот 7 на советничките листи избираме дека сакаме решенија, а не празни ветувања.

Нашата програма предвидува – нов Забавен парк – со содржини за сите генерации. Но, за тоа нема да чекаме 4 години.

Ова место повторно ќе биде омиленото свртувалиште и на децата и на младите.

Предвидуваме и 5 нови огромни паркови во градот Скопје, но и грижа за постоечките зелени површини, особено на оние во Градскиот парк.

Нема повеќе неискосена трева, пожолтени површини од недостаток на наводнување, паднати дрва…

Скопје ќе избере нова иднина. Иднина со промени, проекти и победи, додава Андоновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.