Андреј Јакимовски потпиша договор со Вашингтон Стејт

Универзитетот Вашингтон Стејт успеа да го добие потписот на нашиот супер-талент Андреј Јакимовски, кој од денеска и официјално прави трансфер во колеџот чија што екипа се натпреварува во НЦАА-лигата, објави Спортмедиа.мк.

акимовски со своите 19 години важи за еден од најдобрите млади кошаркари во Европа, кој во „Некст Генерејшн“ натпреварувањата на ФИБА даваше по 30-40 кошеви за екипата на Торино од Италија.

„Уште како дете мојот сон беше да настапувам и да играм кошарка во САД. Тоа е земјата која што има најдобри тренери и каде што се игра најдобрата кошарка во светот“, изјави нашиот репрезентативец кој уште со 16 години почна да гради интернационална кариера.

„Верувам дека Вашингтон Стејт ќе ми помогне да го остварам мојот сон и да станам одличен кошаркар. Тие ми нудат можност да се градам како личност, спортист и студент“, појаснува Јакимовски кој е роден во Крива Паланка и кој настапува за нашиот најдобар национален тим.

Младиот кошаркар заминува во силен колеџ и лига од каде многу полесен е патот до трансфер во НБА лигата. Вашингтон Стејт уште во февруари тргнаа по потписот на Андреј Јакимовски за кој постоеше интерес од голе