Андреа Лекиќ во конкуренција за најдобра ракометарка во светот

Средниот бек на македонскиот ракометен шампион ЖРК Варда СЦБТ и српсакта репрезентација Андреа Лекиќ, е кандидатките за наградата „најдобра ракометарка во светот за 2013 година”.

Лекиќ која ја предводеше селекцијата на Србија до сребрениот медал на Светското првенство, е една од петте ракометарки кои ќе претендираа за ова признание што го доделува Светската ракометна федерација (ИХФ). Покрај ракометарката на ЖРК Вардар, во конкуренција се и Катерина Булатовиќ (Црна Гора), Анита Горвич (Унгарија) и Катрин Лунде Харалдсен и Хајди Локе (Норвешка).

Во машка конкуренција кандидати се: Даниел Нарсис (Франција), Микел Хансен (Данска), Арпад Штербик (Шпанија), Домагој Дувњак (Хрватска) и Филип Јиха (Чешка).
Гласањето трае до 17 јануари 2014, а победниците ќе бидат прогласени на затворањето на Европското првенство за ракометари во Данска на 26 јануари.