Андреас Трајхл, првиот човек на „Ерсте Груп“, е прогласен за „Банкар на годината“

erste bank

Андреас Трајхл, претседателот на Извршниот одбор на „Erste Group Bank AG“ (Eрсте Груп), прогласен е за „Банкар на годината“ за 2019. година во рамките на годинешните „Награди за извонредност“ на магазинот „Euromoney“, еден од водечките светски финансиски публикации во светот.

Жирито го призна придонесот на Андреас Трајхл во развојот на банкарскиот сектор во евроските земји во развој, во зголемувањето на финансиската инклузија и во долгорочното ориентирање кон дигиталната стратегија која „Ерсте Груп“ ја спроведува преку својата платформа „Џорџ“.

Членките на „Ерсте Груп“ во Австрија, Романија и Словачка се прогласени за „Најдобри банки“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.