Анџелина Џоли планира уште една операција

Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли планира уште една операција, но овој пат од естетски причини.

Познатата актерка сака да изгледа совршено за својата венчавка, но по нејзино мислење до совршенството ја дели само уште една операција.

Имено, актерката сака да ги оперира вените на рацете бидејќи долго време има комплекс поради тоа.

Венчавката е планирана за на лето, а како што наведува нејзин близок пријател, актерката сака да изгледа целосно совршено за тој ден.

„Анџелина веќе долго време има комплекси поради тоа што и’ се гледаат вените на рацете, а сега конечно ќе направи нешто по тоа прашање. Избра венчаница без ракави и сака на фотографиите да изгледа совршено“, рекол изворот.

Истиот извор смета дека Анџелина би можела многу полесно да го реши својот „проблем“ доколку барем малку се здебели, но таа е презафатена со снимање на нов филм, што храната е последно нешто што и’ паѓа на памет.