Анестезиологот Тик Токер доби затвор од 15 месеци

15 месеци затвор за анестезиологот  Ваљтон Дервиш од Тетовската болница кој кој со својот мобилен телефон снимаше пациентки од одделот на Гинекологија, каде се прекинува бременоста, и видеото го објави на социјалната мрежа Тик Ток. До правосилноста на пресудата ќе биде во домашен притвор. Пред судот, тој денеска призна вина и се извини за своето однесување.

Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место, по што и Лекарската Комора му ја одзеде лиценцата за работа. Обвинителството му одреди осумдневен притвор и поднесе обвинение за две кривични дела: несовесно вршење на своите овластувања и тешко повредување на правата на пациентите.

Подоцна беше откриено и дека во два наврати не му била нострифицирана специјализацијата за анестезиолог. Во тетовската болница потврдија дека лекарот имал и други сериозни прекршоци на работното место, но бидејќи немало формирана дисциплинска комисија не биле преземени никакви постапки против него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.