Јанев: Бугарија ќе прифати седум воени авиони од Шпанија и Холандија

Пет воени авиони Еурофајтер од Шпанија и два Ф-35 од Холандија ќе го чуваат воздушниот простор на Бугарија, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Стефан Јанев по церемонијата на инаугурација на претседателот Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова. Шпанија и Холандија понудија да испратат борбени авиони во Бугарија поради зголемените тензии меѓу Русија и НАТО.

Авионите од Шпанија и Холандија ќе ја извршуваат задачата за заштита на воздушниот простор на Бугарија, кои ќе бидат заедно со бугарските пилоти, изјави Јанев. В понеделник бугарската влада ќе одлучува за шпанските сили, а воените авиони од Холандија треба да пристигнат во Бугарија во април-мај.