Јанева денеска ќе биде однесена на преглед во приватна клиника

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватната клиника Жан Митрев, објавија повеќе медиуми. Судот го одобрил нејзиното барање да се јави на кардиолошко-интернистички преглед поради нарушената здравствена состојба, со висок притисок и анксиозност.

До сега поранешната специјална обвинителка добиваше дијагноза и терапија од затворската амбуланта и ова ќе биде прв преглед надвор од неа.

Поради нарушената задравствена состојба нејзините адвокати бараа замена на мерката притвор со куќен, но судот го отфрли барањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.