Јанева: Орце се заебал, мене не можеше да ме купи

Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви, кои ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат. Тие се дно на дното. Дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, тоа го докажавме. Тој е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој другда го купи, ама мене не можеше – рече Катица Јанева во својот завршен збор пред судот во случајот „Рекет“

„Јас да бидам во притвор 9 месеци, за Орце Камчев! Што ќе беше ако имаше шеќер пред мене? Ќе беше кокаин што го шмрка Орце Камчев? Ај што не се докажаа тие нејзини 50.000 евра, ама па да прашам, јас не смеам да имам пари? Па имам пари и сега, сум ги заработила. Јас сум средовечна жена, ги заработив“, рече поранешната специјална обвинителка.

Заслужувам пофалба и од обвинителската и од судската фела дека за 35% ви е покачена платата, заради мене. Затоа што јас кажав дека на обвинителите им требаат пари за да се борат со криминалот, објаснува Јанева во својот завршен збор, додавајќи дека таа не требало да седи тука (во судница/притвор).

Многумина ја молеле да дојдат и да работат во СЈО, а ја молеле и некои „други личност“ да вработува луѓе во обвинителството кое го водеше, тврди Катица Јанева.

„Обвинителството треба да се води. Не се работи до 4 саатот, па после да брзаш да се напиеш по една ракиичка, салатичка и во кафана. Тие не ги одбрав, не ги одбрав тие што кризираат ако не се напијат по една до 4 попладне.“ – рече Јанева, додавајќи дека „пијаници, нереализирани луѓе кои остареле, а не постигнале ништо во животот не ми требаат“ – објасни Катица Јанева, алудирајќи на обвинителката во нејзиниот случај, додека објаснуваше за луѓе кои ја молеле за работно место во СЈО.

Таа додаде дека се срами од судијата во процесот Васка Масевска, бидејќи тројца судии од судечкиот совет во „Рекет“ прифатиле обвинение без да бидат доставени половина од доказите.

„Изеде ме туџа срамота што би рекле Србите. Јас се срамам што сум била дел од ова, од овој систем. Секоја чест судијке“ – рече Јанева.

Таа ги спореше доказите кои ги претставило обвинителството, особено фотографијата на која се гледа Катица Јанева со куп пари.

„Јас на таа слика се гледа јасно дека сум болна. Не играм чучек – срамота!“ – рече Јанева.

Во продолжение на својот завршен збор, таа истакна дека помеѓу нејзе и застапничката на обвинението (Вилма Русковска) не постои анимозитет, туку завист.

„Ама ако, нека пукне!“ – рече Катица Јанева.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 18 јуни во 10 часот.