Јаневска: Два едноставни документи не се способни да усогласат

Проф. д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил се осврна на МОН и проблемите околу почетокот на новата учебна година.

-Се навраќам на образованието и работата на МОН.

Во “Водичот за слободни изборни предмети во основното образование“ пишува дека групите за овие предмети се формираат од различни паралелки и различни години.

Во “Протоколот за пристапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 202/2021 година“ пишува:

“Учениците од една паралаелка престојуваат во една просторија и се забранува кабинетска настава заради грижа за здравјето на децата“.

ДВА ЕДНОСТАВНИ ДОКУМЕНТИ НЕ СЕ СПОСОБНИ ДА УСОГЛАСАТ. На хартија. Како ќе изгледа ова во пракса, претпоставувам, можете да замислите.

Битно да се каже дека нешто се прави, не е важно што и како.