Јаневска: Препораките на Владата за училиштата се неразбирливи, несоодветни и нецелосни

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ смета дека препораките на Владата за училиштата се неразбирливи, несоодветни и нецелосни

-Читам Владат донела сет препораки за училиштата, за подигање на безбедноста и превенција на врсничкото насилство.

Општините во соработка со меѓуопштинските центри за социјална работа треба да формираат стручни тимови кои ќе разговараат со секое дете во секое училиште. Не баш ја разбирам меркава, ама ако сакате да им го одземете времето и вниманието од оние со кои треба да разговараат и долгорочно да работат, идејата не е лоша. Стручни тимови за подршка на родители и деца со девијантно однесување требаат, не разговори со секое дете, но вие сте власт вие одлучувате.

Сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во училиштата. Ова работа на родителите е? Да добредојдени се идеи и помош, но ова е работа на МОН.

Родителите да се потсетат на Законот за семејство и Кривичниот закон во делот на одговорноста при извршување на родителското право. Ќе ги потсестат и понатаму? На тие родители чии деца покажуваат врсничко насилство не им треба потсетување им треба ПОМОШ, стручна се разбира, инаку детето не би се однесувало така како што се однесува.

Укинување на употреба на мобилни телефони на час. Ова е баш “најдобрата мерка“, небаре баш сите деца на час играат видео игри, или гледаат во телефон за забава. Заборавивте дека Мила Царовска им велеше од телефон да учат? Знате дека недостасува ИКТ опрема па децата користат телефон наместо таблет? Знаете дека нема, на пример учебник по француски па децата користат телефон? Дома ќе м ги забраните? Не треба забрана за телефон, треба ВОСПИТУВАЊЕ, разликување на ДОБРО и ЛОШО, ЕМПАТИЈА. Чисто за информација во Словенија постои Катедра за невронаука во образование и воспитание, пишува Јаневска на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.