Јаневска: Законот за наставници и стручни соработници е лош, има неколку членови кои се дискриминаторски и се овозможува политизација и партизација

Овој закон за наставници и стручни соработници е лош бидејќи има неколку членови кои ние сметаме дека се дискриминаторски каде се овозможува политизација и партизација и тие немаат никаква врска со платата на наставниците и стручните соработници, истакна претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно!“ на Телевизија Алфа.

-Еден од членовите кој е најпроблематичен и кој прави забуна во јавноста е вработувањето на наставниците на неопределено време без положен стручен испит. Додека пак сега треба наставниците да поминат 2 години во образовниот систем од кои едната година им се смета како стаж и работат под менторство, посочи Јаневска.

Таа додаде дека во овој закон ново вработените уште на самиот старт се вработени на неопределено време па ќе ги поминат допрва процедурите па ќе полагаат стручен испит, а доколку не положат ќе бидат отпуштени.

Јаневска потенцираше дека доколку се изгуби овој начин на контрола на квалитетот во образованието ќе се нема мотивација. Ситуацијата во која се наоѓаме е резултат на незнаење, не стигнување на особини кои образованието во текот на процесот на образование треба да им ги даде на учениците.

-Потребни се квалитетни кадри, не само во образованието туку секаде. Овој процес на мои, твои и ваши крајно време е да прекине, а стажот и полагањето на стручен испит е гарант за квалитетот на тие што се вработуваат, заклучи Јаневска.