Јаневска: Жално е што ги манипулираат наставниците, јасно и гласно сакаме да се покачат платите, но СДСМ не го прифати нашиот амандман

Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Телевизија Алфа гостуваше претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска.

„Бизарно, манипулативно и жално е оти ги манипулираат наставниците. Ние децидно јасно и гласно сакаме да се покачат платите на наставниците, ние поднесовме амандман на минималната плата за покачување на платите и СДСМ не го прифатија и со тоа се гледа нивното не сакање за покачување на платите“, посочи Јаневска.

Таа додаде дека нема да е праведно ако платите скалесто не се покачуваат во сооднос со минималната плата и тоа беше всушност и амандманот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јаневска потенцираше дека членот 25 од законот за наставници и стручни соработници е најспорен бидејќи се вели платите на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта кои се вработени до денот на влегување во сила на овој закон се продолжува исплатата на плата во висина утврдена до денот на влегувањето во сила на овој закон.

Ова значи дека сите досега вработени ќе зимаат и понатаму иста плата, а нововработените ќе земаат друга плата што е дискриминирачко.

„Небулозно е до вчера еден вработен да зема плата 22.000 денари плата, а некој нововработен да зема 40.000 денари плата. Не гледам причина зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ би се откажале да го заштитат граѓанинот и да го заштитат наставникот, бидејќи тие со сила не признаваат јасно видливи и драстични грешки“, заклучи Јаневска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.