Ангажирани нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на Црна река

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Македонски железници, утринава информира дека покрај експертите од Градежен факултет, ангажирани биле и нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна кај Стоби каде има напукнат столб.

Поради тоа веќе два дена не се одвива товарниот железнички сообраќај до Гевгелија, а патничкиот сообраќај се одвива бавно со пренесување на патниците со автобуси кај Градско односно Криволак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.