Ангажманот на Бучковски за албанската опозиција е исклучување на Османи од преговорите со Бугарија

Опозицијата смета дека назначувањето на Бучковски за специјален претставник на Владата за спорот со Бугарија ја „закопува“ довербата во извршната власт, во министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања, кои, според опозицијата, досега не успеале да најдат решение. Според коалицијата Алијанса -Алтернатива, дискредитацијата на албанските функционери е веќе добро позната појава во земјата.

„На Бујар Османи му е назначен за шеф Владо Бучковски, кој ќе ги има главните надлежности да ги води преговорите со бугарската страна. Паѓаат сите предупредувања, пофалби на раководството на ДУИ дека Бујар Османи е важен фактор во одржување на разговорите со бугарската страна. Ова не се случува само сега. Постојано кога имало слични и отворени меѓусоседски прашања, како во случајот на Грција, албанските претставници за жал имале епизодна улога и повеќе биле донесени како непоканети гости за едно прашање за кој  никој не ги прашува и немаат тежина во преговорите“, вели Сурија Рашиди, Алијанса – Алтернатива, за Алсат М.

Но, министерот Османи вели дека Бучковски ќе постапувал под негови упатства.

– Предлогот за назначување специјален претставник го дадовме јас и Министерството за надворешни работи во соработка со премиерот, во отсуство на активен амбасадор во моментот во Софија и со цел да се создадат дополнителни механизми за враќање на довербата во спроведувањето обврски што произлегуваат од договорот, рече министерот Османи.

Но, за ВМРО ДПМНЕ, назначувањето на Бучковски е обид да се создаде дополнителна конфузија и дефокусирање на јавноста.

Заедничката комисија на историчари за време на дводневниот состанок што ќе заврши утре попладне дискутира за средновековниот период, додека шефовите на државите очекуваат напредок за најспорното прашање меѓу двете страни- Гоце Делчев.