Ангела Меркел ја губи својата популарност

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за прв пат во последните две години не се наоѓа на врвот од листата најпопуларни политичари во таа земја, покажуваат најновите анкети.

Според истражувањето на германската телевизиска станица АРД, министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер има поддршка од 70 отсто од граѓаните, еден отсто повеќе од Меркел.

Анкетата е спроведена на трети и четврти февруари, а во истата учествувале 1.008 гласачи.

Резултатите од анкетата покажале дека антиевропската партија „Алтернатив фир Дојчланд“ ќе освои шест отсто од гласовите на претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за 25-ти мај, што е значајно над прагот од три отсто од потребното освојување на едно место во парламентот.