Ангела Меркел на штаки ги прими учениците

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по првпат се појави по повредата на карлицата на скијање во Швајцарија, и движејќи се со помош на штаки, во зградата на Владата во Берлин прими стотина ученици кои традиционално за време на празниците, собираат помош за бегалците.

Лекарите на Ангела Меркел и препорачале строго мирување во наредните три недели, поради што откажала низа планирани активности и патувања, вклучувајќи ја и посетата на Полска и состанокот со новиот премиер на Луксембург.

Утре, Меркел ќе претседава со првата седница на владата оваа година.