Ангела Меркел во Израел со 16 членови од владата

103

Германската канцеларка Ангела Меркел и 16 членови на нејзината влада, утре и задутре во Ерусалим ќе ја одржат петтата по ред германско-израелска владина консултација, на која што тема ќе бидат иновациите, но и подготовките за 50-годишнината од почетокот на дипломатските односи меѓу двете земји, кои ќе бидат одбележани следната година.

Меркел во понеделник ќе има билатерален разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но ќе се сретне и со лидерот на израелската опозиција.

Во вторник ќе разговара со израелскиот претседател Шимон Перез, кој за нејзиниот ангажман за развој на германско израелското пријателство ќе и го додели највисокиот израелски државен орден „Presidential Award of Distinction“.

Германските медиуми пишуваат дека Берлин сака конзуларно да ги застапува граѓаните на Израел во оние земји во светот каде што Израел нема свои претставништва и дека во текот на посетата треба да бидат потпишани одредени документи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.