Ангелеска го прашува Филипче: Кој ќе одговара? Го држеа татко ми без кислород, се потрошила боцата, а немале друга!

Мислам дека тука министре најбрзо ќе ме слушнете, вели во своето обрќање до старо-новиот министер за здравство Венко Филипче преку Фејсбук Марија Ѓоргиоска Ангелеска, посочувајќи дека има болен родител од корона сместен во „8 Септември“, прилично сериозен.
„Ама, не знам како си дозволи таква болница таков пациент, цела ноќ 19.08 го држеа без кислород затоа што боцата се потрошила и немале друга да ја заменат. Фирмата не им доставила, па му кажале да си чека до утрото. Татко ми ноќеска заврши на респираторна машина, во интензивн нега и се бори за живот, со тешко оштетување на градите“, истакнува во апелот Марија и додава:
„Бидејќи Вие во сиов овој хаос сте најразумна личност, кажете ми сега кој ќе сноси одговорност? Кој ќе му помогне да се опорави? Фирмата што не доставила навреме? Сестрата што не му сменила боца, што не пријавила или државата што со наши пари плаќа такви неодговорни лица?

Ве молам укинете ја Хипократовата заклетва, и онака ја газат на секој чекор“, прашува Ѓоргиоска Ангелеска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.